Уште еден успех за Миљана Рељиќ – освои сребро во Луксембург
Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ продолжува да бележи успеси на меѓународната сцена, откако освои сребрен медал на престижниот Луксембург Г-1 опен по серија убедливи настапи во текот на турнирот.
Препорачано
Нашата олимпијка до финалната борба стигна со три сигурни победи, демонстрирајќи доминација во сите мечеви. Во првото коло беше подобра од Германката Изабел Гифер со 2-0 во рунди, а истиот резултат го повтори и против Сабин Изебел од Луксембург во втората рунда. Рељиќ не запре тука, па и во полуфиналето славеше со максимални 2-0 против Германката Сомаја Ебнутабим, обезбедувајќи пласман во големото финале.
Во мечот за златниот медал, македонската таеквондистка загуби од Бразилката Македо со 0-2 во рунди, но и покрај поразот стигна до значаен резултат и уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите македонски спортисти на меѓународната сцена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
6мин
-
34мин
-
37мин
-
51мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


