Калараш и Николиќ/РК Загреб

Уште еден поранешен ракометар на Вардар ќе игра во Загреб

Поранешниот член на Вардар, Глеб Калараш, ја продолжува кариерата во Хрватска и официјално е ново засилување на Загреб.

Искусниот руски ракометар, кој има 35 години, стави потпис на двегодишен договор со „загребчани“, а во новиот клуб пристигнува од редовите на ПИК Сегед.

Калараш е уште еден поранешен играч на Вардар кој се реши да го облече дресот на хрватскиот шампион. Во текот на богатата кариера настапуваше и уште за: Мотор Запорожје, Санкт Петербург, Магдебург, Балинген и Мелсунген.

Покрај него, клубот од Загреб го засили ростерот и со уште едно ново име од Сегед, Јовица Николиќ, кој исто така беше официјално претставен како дел од тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот