Весна Терзиевска и Драган Спасов - Дац / Фото: Фејсбук/Весна Терзиевска

„Уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе“: Дац романтично за роденденот на Весна

Актерот Драган Спасов – Дац на романтичен начин ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга Весна Терзиевска и уште еднаш ја нагласи длабочината на нивната љубов.

„Среќен роденден на мојата животна сопатничка. И уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе. Со тебе секој ден е поинтересен од претходниот, а животот добива вистинска смисла – станува љубов“, напиша актерот.


Љубовната приказна на Дац и Весна има посебен, спонтан момент. Се венчаа по негов настап во скопскиот локал „Трибека“ на 19 април 2022 година. Венчавката беше тајно организирана од Весна, која со помош на пријателот, музичарот Александар Митевски, обезбедил присуство на матичар, бурми и цел чин на венчање, така што прославата започнала како роденден, а завршила со изговарање на судбоносното „да“.

Дац е познат како голем романтичар, а тоа уште еднаш го докажа на двата концерта „Дамите бираат“ на дуото Дац и Александар, кога на сцената беа прикажани фотографии во рамка од нивните сопруги.

Сопругите на Дац и на Александар Митевски се качија на сцената за време на нивниот евергрин „Уште ми фалиш“ и ги поддржаа во овие два љубовни концерти во Македонскиот народен театар. Дац на својот фејсбук-профил објави фотографија токму од неговата Весна од концертот и напиша: „Ако ја сретнеш вистинската личност во погрешно време, животот повторно и повторно ќе ве враќа еден кон друг. Вистинските љубови се создадени за да се имаат, а не за да се немаат“.

Инаку, концертот „Дамите бираат“ на Дац и Александар ќе можете да го гледате премиерно на телевизија Телма во понеделник, на 13 април, на вториот ден од Велигден, од 19:15 часот. Дуото одржа два незаборавни концерта на 6 и 7 април во МНТ.

Ако ја сретнеш вистинската во погрешно време: Најромантичната порака од Дац за неговата Весна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот