УРНЕБЕСНИ ИЗЈАВИ на мажи за женскиот репродуктивен систем

репродукција тампон

Голем број мажи немаат познавање, а ниту желба да дознаат нешто повеќе за месечниот циклус, за бременоста или пак за женските оргазми.

Токму поради тоа, една корисничка на Твитер ги прашала своите следбеници кое е најлудото, најчудното или најбизарното нешто што го имаат чуено од мажи, а е поврзано со женската репродукција.

Ова се некои од одговорите:

„Наставничката прочита извадок за овулацијата и еден ученик праша како жената може да не знае како се случува тоа.

Тој: Нема ли да почувствува?
Класот: …
Тој: Па знаете… кога јајцето излегува…?“

„Еден маж ми рече дека менструацијата е неприродна и дека се случува затоа што јадам месо.“

„Татко ми ми забрануваше тампони бидејќи ќе изгледало како да имам пенис.“

„Еден маж изјави дека бременоста е позитивно искуство, бидејќи жените добиваат гради какви што отсекогаш сакале.“

„Мојот поранешен, кој е медицинско лице, ми рече дека менструациите ми се долги и болни бидејќи не пијам доволно вода.“

„Моето поранешно момче мислеше дека можеме да ја задржиме менструацијата, како што можеме урината…“

„Брат ми мислеше дека менструацијата може да се прескокне за викенд.“

Овој развој на приказната и ден-денеска е актуелен на Твитер и добива уште одговори од жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот