УРНЕБЕСНА СНИМКА: Се обидела да украде осум пара фармерки, ги ОБЛЕКЛА СИТЕ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Видео снимка на која се гледа како жена се обидува да украде фармерки во продавница станува вирална на интернет. Неверојатниот дел на снимката е тоа што таа носела девет пара фармерки, со се нејзините.

Таа била откриена, па морала да ги соблече сите. Жената, наводно, е од Венецуела, а видеото кое е поставено од Перу собра повеќе од 2,5 милиони прегледи, пренесува Дејли меил.

Во видеото, една жена се соблекува во тоалетот додека мажот во заднина брои колку фармерки има на себе. Откако ги соблекла последните, ѝ рекле да ги покаже гаќите за да се уверат дека тоа е навистина последниот чифт што има на себе. Не е познато дали е санкционирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот