Ураганот Бери ослабна, но во САД сѐ уште важат предупредувањата за торнадо

Тропската бура Бери што ја зафати Луизијана ослабна и сега премина во таканаречена тропска депресија, но метеоролозите и натаму предупредуваат дека може да дојде до поплави и појава на торнадо.

Метеоролозите најавуваат дека максималната брзина на ветрот опадна на 55 километри на час.

Националната метеоролошка служба соопшти дека поплавите и торнадото се забележани јужно и источно од центарот на бурата во Луизијана, а слична состојба може да се случи и на западниот дел на сојузната држава Арканзас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот