Управник на полициско одморалиште се ујдисал со готвачката, сега двајцата ќе одговараат
Одделот за внатрешна контрола на МВР поднел кривична пријава против С.М., управник на одморалиште на МВР во Охрид, кој е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување.
Препорачано
„Во периодот од 02.02.2025 до 05.02.2025 и од 21.05.2025 до 26.05.2025, тој евидентирал дека вработената Ј.И. – готвач во одморалиштето доаѓала на работа и извршувала работни активности, иако таа била надвор од границите на државата. Пријавениот, исто така, во периодот од 28.05.2025 до 30.11.2025 евидентирал дека вработената Ј.И. користи боледување, иако од матичен лекар не ѝ биле издадени обрасци за привремена спреченост од работа. Со наведените дејствија, пријавениот овозможил Ј.И. да се стекне со противправна имотна корист во висина од 253.834 денари, износ за кој е оштетен буџетот на Министерството за внатрешни работи“, пишува во полицискиот билтен.
Одделот за внатрешна контрола против двајцата поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина, додека против С.М. изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против J.И. изрече задолжителна мерка за поведување на постапка за надомест на настанатата штета.


