УПЛАТЕНИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ Ова се познатите личности кои донираа пари во борбата против коронавирусот

Светските личности донираа пари во борбата против коронавирусот.

Модниот дизајнер Ралф Лорен (80) објави минатата недела дека неговата компанија дала 10 милиони долари во борбата против коронавирусот. Американскиот филантроп и милијардер не штедеше кога увиде колкава опасност за светот претставува опасниот вирус кој се прошири од Кина, а еднаков износ донираше и Опра Винфри (66).

 

Модниот дизајнер Џорџо Армани (85) беше еден од првите кои донираа и тоа 1,25 милиони евра за помош на децата и институтите, откако Италија стана жариште на вирусот. Дел од своето огромно богатство подари и пејачката Ријана (32) која донираше 5 милиони долари за родниот Барбадос. Таа одлучи да поддржи и неколку организации на кои им беше потребна помош.

Instagram

Милијардерката Кајли Џенер (22) издвои милион долари. Таа донираше средства за здравствените работници кои ги лекуваат заразените пациенти од коронавирусот, а претходно на социјалните мрежи ги замоли своите обожаватели и следбеници да останат дома.

Ја послуша и легендарниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер (72). Освен што ги почитува правилата за изолација и не го напушта својот ранч, Арнолд одлучи да им помогне на децата кои останале без оброк откако училиштата во Америка се затворени поради коронавирусот. Во соработка со социјалната платформа „TikTok“ тој донираше три милиони долари.

Фото: Инстаграм

Пејачките Бритни Спирс, Лејди Гага, Мајли Сајрус се само уште некои од познатите кои се одлучија да донираат пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот