Илустративно фото: Marc Newberry / Unsplash

Уништена над еден тон небезбедна храна од македонски продавници за здрава храна

Илјада и десет килограми небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, соопшти АХВ.

Како што објаснија од таму, се работи за објекти именувани „за производство и промет со здрава храна“.

Од нив, 14 воопшто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.

„За утврдените недоследности со контролите, издадени се 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра“, информира АХВ.

Понатаму, девет оператори имале незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај седум била пронајдена храна со поминат рок на употреба, а кај двајца – најдена била и храна со непознато потекло.

„Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, стои во соопштението на АХВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот