Унгарски министер смета дека на земјата им се потребни повеќе нуклеарни реактори

Фото: wallpaperflare.com

Унгарија ќе мора да изгради барем еден мал модуларен реактор (СМР), покрај планираното проширување на нуклеарната централа Пакс, изјави унгарскиот министер за енергетика Чабе Лантос.

„Ние би ги добиле најрано во 2029 или 2030 година и мислам дека локацијата не треба да биде Пакс, туку дел од Унгарија каде побарувачката за енергија расте“, изјави Лантос.

СМР може да произведе до 300 мегавати електрична енергија. „Бидејќи се помали, може да се постават покрај реки со послаб проток на вода или да се градат со разладни кули“, додаде министерот.

Тој не ја исклучи можноста за купување модуларен реактор од Русија. „Мораме да ја разгледаме секоја опција“, рече тој. Во 2014 година Унгарија потпиша договор вреден 12,5 милијарди евра со руската нуклеарна компанија Росатом за изградба на два реактори од 1,2 гигавати во Пакс, кој веќе има четири реактори.

Но, Пакс 2 доцни. Лантос, исто така, рече дека потрошувачката на енергија во Унгарија во 2030 година треба да изнесува 60 терават-часови (TWh), а не 66 терават-часови, како што се предвидуваше досега. Во 2022 година таа изнесуваше 43 терават-часови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот