Унгарија ги отвори границите за српските државјани

Државјаните на Србија денеска од 10 часот можат да влезат во Унгарија без тест за Ковид-19.

Унгарија денеска ги отвори своите граници за државјаните на Србија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на граничниот премин Реске по средбата со српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, државјаните на Србија денеска од 10 часот можат да влезат во Унгарија без тест за Ковид-19 и карантин од 14 дена во соседната земја. Влегувањето во Унгарија е можно на сите девет гранични премини.

Како што изјави Сијарто, Србија е прва земја надвор од Европската унија со која Унгарија ги отвора своите граници, односно ги ублажи мерките за време на епидемијата на коронавирус, бидејќи и двете држави успешно се справија со епидемијата.

Прочитајте и...  САД со глобален рекорд на новозаразени: Над 58.000 нови случаи за еден ден

Министерката Јоксимовиќ истакна дека ова е важен настан за граѓаните од двете страни на границата, што е резултат на вистинското добрососедство.

Премиерот Ана Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека Србија полека ја отвора границата и дека одлуката за слободен влез во земјата е „дојдена навремено”, што според неа е особено важно за економијата.

Брнабиќ кажа дека е премногу рано за „победнички круг”, но дека ситуацијата со епидемијата на коронавирус е под контрола.

Прочитај повеќе

Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО)

МИА Агенција

Мајка херој: Пред да загине во пожар – го фрли од тераса тригодишниот син, го фати маринец и го спаси (ВИДЕО)

Слободен печат

Седум судански министри поднесоа оставка

Слободен печат

Дел од Карпош утре без вода

Слободен печат

Шекеринска: Ние не плаќавме за стиропори кои глумат мермер, напротив решивме парите да заминат во малите бизниси

Слободен печат

Моќно торнадо ја погоди Минесота, настрада маж кој работел во гаража (ВИДЕО)

Марина Дамческа

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Врховниот суд на САД донесе важна одлука против Трамп поради која тој збесна

Слободен печат

Кучиња откриваат коронавирус во Обединетите Арапски Емирати

Слободен печат

СЗО ја поддржа теоријата за пренос на коронавирусот преку аеросоли, дадоа нови насоки

Слободен печат

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет

Слободен печат

Митрески: Нашиот план е до 2024 година да отвориме околу 80 отсто од поглавјата со ЕУ

Слободен печат

Мицкоски: Ние се бориме против оние кои го хушкаат народот за да си делат тендери, да возат „мајбах“

Слободен печат