Уметницата Марија Павловска во Рим доби меѓународна награда за своето творештво

Македонската сликарка Марија Павловска ја прими меѓународната награда „Микеланџело – Генијот на Италија“, која ја доделува Фондацијата „Ефето арте“ во Рим, Италија.

Наградата ѝ ја врачи претседателот на Фондацијата, Сандро Серадифалко, а уметницата беше избрана и курирана од Франческо Саверио Русо (уметнички консултант) и Салваторе Русо (експерт за меѓународниот уметнички пазар).

Меѓународната награда „Микеланџело“ е признание што им се доделува на сите оние уметници кои низ годините се истакнале со нивното уметничко истражување и за стилската вредност на нивните уметнички дела. Наградата е наменета за сликари, скулптори, фотографи, видео уметници, изведувачи и дигитални уметници.

Целта на наградата е да ги посочи уметниците кои претставуваат одлична можност за инвестирање на меѓународниот уметнички пазар.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 189, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30.7.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот