Ули Хенес: Доколку Хари Кејн го одржи зборот, ќе биде играч на Баерн

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Хари Кејн во Баерн Минхен – делува сè пореално, иако на сите им е јасно дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви не е некој кој лесно ќе се предаде.

Англичаните сакаат да го задржат својот најдобар играч, но на една година пред истекот на неговиот договор, изгледа дека немаат многу опции.

Бидејќи Кејн сака да замине во редовите на германскиот шампион, Баерн сака да го ангажира и ситуацијата може многу брзо да стане појасна.

Ваква порака пристигнува и од Минхен, поточно од почесниот претседател на баварскиот гигант, Ули Хенес:

– Кејн јасно ни стави до знаење дека донесе одлука. Тотенхем на крајот ќе мора да попушти. Чекаме Леви да ја каже сумата, иако Карл-Хајнц Румениге редовно разговара со него – вели Хенес.

Се верува дека англискиот репрезентативец Кејн би можел да го засили Баерн за 80-85 милиони евра.

– Хари сака да игра во европските натпреварувања, тоа не може да го направи со Тотенхем следната сезона. Има шанса да засили голем клуб и не сака да ја пропушти – уверен е Хенес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот