Украински педијатар апелира: Не им викајте на децата, тоа води до страшни последици

Фото: Пиксабеј

Најпознатиот советски педијатар од Украина д-р. Евгениј Комаровски истакнува зошто е важно никогаш да не им викате на своите деца. Доколку пак, го правите тоа, тогаш многу веројатно е дека ова ќе бидат последиците по личноста на детето:

Недостаток на самодоверба

Децата на кои родителите постојано им викале, особено доколку ги споредувале со некој се чувствуваат за помалку вредни и помалку важни. Исто така, ваквите деца во иднина нема да сметаат дека ќе можат да влијаат на околината.

Агресија

Доколку постојано му викате на своето дете тоа на 4 или 5 години ќе започне да покажува агресивно однесување. Чести тепачки и инциденти ќе го одбележат и почетокот на неговиот училишен период.

Страв

Повеќето од децата на кои родителите постојано им викаат започнуваат да се плашат од се и сешто. Тоа може да доведе и до неможност за склопување на пријателство, но и неспособност да ги решава конфликтите во иднина.

Проблеми со концентрацијата

Една од главните последици од емотивното злоставување од родителите. Некои деца за да се заштитат од вербалната агресија на родителите учат како да ја „потиснат“ нивната бучава и викање, па едноставно се исклучуваат кога тоа не им одговара, што може да предизвика однесување кое ќе го практикуваат и во други животни ситуации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот