Украинската тенисерка Јастремска од квалификациите до полуфиналето на „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Украинската тенисерка Дајана Јастремска се пласираше денеска во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако ја совлада 50 тенисерка на светот, Линда Носкова.

Јастремска триумфираше против чешката тенисерка со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:4. Украинката до победата дојде после 78 минути и за прв пат во нејзината кариера обезбеди грен слем полуфинале.

Интересен е податокот кој вели дека Јастремска мораше да помине три квалификациски кола за да се пласира на главниот турнир на „Австралија опен“.

Јастремска е само втората тенисерка во опен ерата која успеала да стигне до полуфиналето по квалификациите на Австралија Опен од 1978 година, кога тоа го направи Кристин Стори.

Три победи од квалификациите и уште пет на главниот турнир, тоа се осум во низа за Јастремска која за пласман во големото финале во Мелбурн ќе игра со победничката од дуелот Ана Калинскаја – Женг Кинвен.

Веќе е познат еден полуфинален пар, Американката Коко Гоф ќе се соочи против Арина Сабаленка. Гоф со 7:6 (6), 6:7 (3) и 6:2 ја елиминираше Марта Костјук од Украина, додека Сабаленка со 6:2 и 6:4 триумфираше над Барбора Крејчикова од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот