Украдена бомба во Бијељина, додека го чекале тимот да ја уништи

Фото: INFO BIJELJINA / RAS SRBIJA

Голема авио-бомба, останата од Втората светска војна, која неодамна беше пронајдена во коритото на реката Јања, накратко е украдена додека се чекало нејзино уништување на локацијата „Стара караула“.

Позади оваа несекојдневна кражба стои група од неколку лица, кои за среќа биле брзо пронајдени.

Во вторникот припадници на Полициската станица Јања го пријавиле откривањето на големата авио-бомба во коритото на реката Јања во близина на стадионот кај градскиот Отсек за граѓанска безбедност.

Според утврдената процедура, било упатено барање за ангажирање на надлежниот „А-тим“ на управата за граѓанска безбедност, за итно отстранување на ова експлозивно средство.

Местото било прописно обележано, но додека се чекал тимот, бомбата завршила во рацете на неколку несовесни поединци.

Во намерата тие сепак накратко успеале, се додека локалните жители не ги забележале како се движат накај реката Дрина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот