УКИМ: Испратен е допис до МОН да се смени коефициентот за пресметка на платата на лекторите

УКИМ
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лекторите вработени во единаесетте актИвни лекторати во странство, од 2021 година до денес земаат плата согласно Колективниот договор за високо образование и наука, потпишан од Министерството за образование и наука и СОНК, велат од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и појаснуваат дека во Колективниот договор коефициентот на лектор е понизок од коефициентот на доцент бидејќи условите за избор на лектор не се еднакви со условите за избор на доцент.

Претходно, лекторите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ) кои вршат национална мисија за ширење на македонскиот јазик, литература и култура на 11 активни лекторати во светот, преку соопштение известија дека се принудени да живеат со просечна македонска плата во големи светски метрополи, каде што трошоците за живот се зголемени поради инфлација.

Во меѓувреме, од УКИМ известија дека е испратен и допис до Министерството за образование и наука од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да се смени коефициентот за пресметка на плата за лектор во Законот за високото образование, како што е во Колективниот договор за високо образование и наука, каде коефициентот на лектор е на ниво на доцент.

-Треба да се има предвид дека целиот текст на Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, вклучително и коефициентот за плати е усогласен помеѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието на Република Северна Македонија, односно не се работи за акт донесен само од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во врска со девизниот надоместок и начинот на исплатата на платата на лекторите во текот на годината, надлежно е Министерството за образование и наука, додаваат од УКИМ.

Лекторите по македонски јазик на МСМЈЛК при УКИМ изземени од последните покачувања на платите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот