УЕФА во контранапад, со шест милијарди евра ја гаси Суперлигата?!

Најинтересна осминафинална двојка во ЛШ е ПСЖ - Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Било која опција и да победи, се чини дека клубовите на крајот ќе излезат како победници бидејќи ќе им се зголемат приходите.

Европската фудбалска федерација нема намера така лесно да го признае поразот по формирањето на Суперлигата и да им дозволи на најбогатите екипи во Европа да играат во натпреварување кое не е под нивна капа.
Поради тоа, како што пишува „Блумберг“ во Нион започнаа преговори со компанијата „Centricus Asset Management“ за позајмица вредна дури шест милијарди евра, односно 7.2 милијарди долари, за да ја преуреди Лигата на шампионите, да го зголеми наградниот фонд и да ги запре плановите на Суперлигата.

Иако и двете страни засега молчат за преговорите, неименуван извор за „Блумберг“ тврди дека преговорите се во тек, но не може со ситурност да гарантира дека ќе биде постигнат договор.
– „Centricus Asset Management“ веќе неколку месеци разговара со УЕФА во врска со финансиите. Инвестициската компанија разговараше за почетен пакет од 4.2 милијарди евра кој потоа е зголемен на шест милијарди по формирањето на Суперлигата“ – пишува „Блумберг“ кој е специјализиран медиум за бизнис.

Компанијата „Centricus Asset Management“ според податоците на официјалната интернет страница е компанија која контролира имот вреден околу 30 милијарди долари. Има одлични конекции со богатите институции на Блискиот Исток и во Азија, а и помогна на корпорацијата Софт Банк да собере неверојатни 100 милијарди долари за својот „Вижн фонд“ кој е најголем светски фонд за технологија. Компанијата е основана во 2016 година од Низар Ал-Басам, поранешен инвестициски банкар во Дојче банк и поранешен партнер на Голдман Сакс.
„И покрај тоа што ја води мал тим од Лондон, „Centricus Asset Management“ стана познат по серијата опортунистики инвестиции. Моментно соработува со индискиот милијардер Анил Агарвал за вложување на 10 милијарди долари во Индија. Минатата година оваа компанија во последен момент влезе во купување на акции на ТикТок во неколку земји и за тоа потроши 20 милијарди долари. Една година претходно влезе и во бизнисот со луксузни хотели купувајќи го култниот Капри Палас Хотел“, пишува „Блумберг“.

Богатите не се плашат од УЕФА, познато е кој ќе биде главен во Суперлигата вредна пет милијарди евра

Шефот на Реал, Перез: Балканците сакаат да направат своја лига, па Скандинавците..!

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот