Богатите не се плашат од УЕФА, познато е кој ќе биде главен во Суперлигата вредна пет милијарди евра

Флорентино Перез треба да понуди светски рекорд за услугите на Мбапе/ фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Проектот на најбогатите фудбалски екипи на светот, европската Суперлига, вечерва околу 23.30 часот ќе биде официјално презентирано најновно натпреварување во кое ќе учествува само елитата, односно најголемите и најбогатите екипи.
УЕФА веднаш реагираше со соопштение во кое им се закани на екипите дека ќе ги суспендира од сите натпреварувања под нејзина капа, но се чини дека тоа не ги потресува премногу иницијаторите.

Богатите бегаат од УЕФА, 12 клубови се согласија да формираат Суперлига

Веќе е познато кој ќе биде претседател на Суперлигата (ЕСЛ), тоа е првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, а покрај тоа ќе има и четири потпретседатели, Андреа Ањели (Јувентус), Џоел Глејзер (Манчестер јунајтед), Стен Кренке (Арсенал) и Џон Хенри (Ливерпул).
Стартот на Суперлигата неофицијално е планиран за сезоната 2023/24, а буџетот ќе изнесува дури пет милијарди евра кои ќе ги обезбеди Џеј-Пи Морган банката.
Засега сигурни се екипите на Јувентис, Милан и Интер од Италија, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона од Шпанија и англиските Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем, а се работи да обезбедување на поддршка од ПСЖ и од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Остар одговор од УЕФА за „Лигата на богатите“: Сите ќе бидете исфрени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот