УЕФА не дозволува регионални лиги

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, стави вето на планот на Холанѓаните и Белгијците на идејата за заедничка лига.

Претставните на холандската Ередивизија и белгиската Жупилер Про лига веќе одреден период заговараат заедничка лига, БеНелига, но нивниот план нема да се реализира.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин по состанокот со претставниците на белгиската Жупилер Про лига и генералниот сектерар на Холандската фудбалска федерација, Гајс де Јонг, порача дека не ги прифаќа нивните услови и предлози.

Главен проблем во реализацијата претставуваат местата на белгиските и холандските екипи во европските купови.

Моментно, и Холандија и Белгија имаат по пет места во еврокуповите, а ниту една екипа не сака да се откаже од нив со влезот во заедничката лига. Холанѓаните и Белгијците сакаат да имаат заедничка лига и да ги задржат местата во еврокуповите. Тоа се вкупно 10 места за една лига и претседателот Чеферин без размислување го одби нивниот предлог објаснувајќи им дека ниту една лига не може да има толку екипи во европските купови“, изјави анонимен функционер на УЕФА.

Четирите најсилни лиги, Серија А, Премиер лига, Ла Лига и Бундеслига имаат по седум претставници во Европа и УЕФА не дозволува некое послабо натпреварување да има повеќе екипи од нив. Франција која е петта најсилна лига има шест претставници во европските купови, а земјата има 67 милиони жители, што е повеќе од двојно од Белгија и Холандија заедно (28 милиони).

Поради тоа УЕФА не дозволува Белгија и Холандија да организираат заедничка лига доколку сакаат да си ги задржат местата во европските купови со што би го загрозиле системот кој засега одлично функционира.
Главни заговорници за БеНелигата се белгиските екипи Андерлехт, Генк, Гент, Бриж и Стандард кај кои одат 45% од вкупните спонзорски приходи во белгискиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот