УЕФА конечно го укинува најбесмисленото правило кое ги излудуваше екипите

Учесниците во натпреварувањата под капата УЕФА ќе заработуваат повеќе пари со новиот договор/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Европската фудбалска федерација на утрешниот состанок ќе ја разгледа можноста за укинување на според многумина најглупавото правило во европските купови кое беше воведено за да се форсира атрактивен напаѓачки фудбал и кое требаше да донесе повеќе голови.
Станува збор за правилото за гол во гости против кое се речиси сите клубови и тренери.
Токму ова правило на гол во гости во последните неколку години одлучуваше за победникот, оваа сезона Баерн Минхен и Јувентус испаднаа поради ова правило, Тотенхем пред две години се пласира во финалето на ЛШ поради правилото на гол во гости и против Манчестер сити и против Ајакс.
Еден од најголемите заговорници против ова правило е поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.
– Ова правило е безмислено, фудбалот многу се промени и сега гол во гости е преголема предност – смета Венгер.
Истото мислење го делат најголем дел од тренерите, по што заменик генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети уште пред три години ги најави промените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот