УЕФА го намести мечот Челси-Барселона бидејќи не сакаше исто финале две години по ред

Тогашниот тренер на англискиот тим се сомнева во регуларноста на реванш натпреварот од полуфиналето од ЛШ.

Иако е поминато повеќе од една деценија, сè уште се памети натпреварот кој го одбележа најсрамното судење во историјата на Лигата на шампионите, на Норвежанецот Том Хенинг Овребо.

Челси беше оштетен за дури четири чисти пенали по што Барселона со голот на Андрес Иниеста во 93. минута дојде до изранување (1:1, 0:0 во првиот натпревар) и се пласира во финалето каде со 2:0 го совлада Манчестер јунајтед.

– Тоа беше најлошото судење што некогаш сум го видел. Судијата ме изненади бидејќи дотогаш имаше речиси совршени натпревари како главен арбитар – вели тогашниот тренер на Челси, Гус Хидинк за холандскиот „Зигоспорт“.

Хидинг оди подалеку во обвинувањата, се сомнева во регуларноста на сезоната во ЛШ и за тоа како директен виновник ја посочува УЕФА.

– Тоа е единствен случај за кој мислам дека е наместен. Во тоа време Манчестер јунајтед веќе беше во финалето, а УЕФА не сакаше да има идентично финале од претходната година (во 2008 година Манчестер јунајтед по пенал серијата го совлада Челси во финалето). Немам докази, но тоа беше многу сомнително. Сега сум многу лут – порачува Хидинк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот