УЕФА демантира дека од СЗО предложиле суспензија на фудбалот

фото: ffm.mk

Портпаролот на европската фудбалска куќа за „Индепендент“ тврди дека не стигнала никаква препорака дека нема да се игра фудбал до крајот на 2021 година.

УЕФА ги негираше тврдењата на некои медиуми дека Светската здравствена организација предложи меѓународниот фудбал да биде суспендиран до крајот на 2021 година.

УЕФА и СЗО минатата недела имаа видео конференција, која требаше да трае еден час, но истата заврши дури после два и пол часа поради новите проблеми поврзани со коронавирусот.

Медиумите тврдат дека СЗО предложила ригорозна мерка како шок за сите љубители на фудбалот во светот, а тоа е да се запрат големите фудбалски натпреварувања до крајот на следната година.

Тоа би значело дека нема да гледаме Лига на шампиони, а Европското првенство повторно би можело да се одложи (преместено за следното лето 2021).

Тоа не е точно. Немаме таква препорака од СЗО дека фудбалот нема да се игра до крајот на 2021 година – се зборовите на портпаролот на УЕФА за „Индепендент“.

УЕФА претходно објави дека ќе им предложи на сите национални федерации да ги завршат натпреварувањата за тековната сезона доколку е тоа можно.

Останува прашањето кога ќе биде направено тоа, а исто така и на кој начин ќе се одржи завршницата во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот