Училиштето „Невена Георгиева Дуња“ се проширува за 560 квадрати, ќе добие шест нови училници
Основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Кисела Вода ќе добие шест нови училници и нови санитарни јазли, со што се создаваат услови за поквалитетен наставен процес.
Препорачано
Доградбата, со која се обезбедуваат 560 метри квадратни нов простор веќе е во тек, а се реализира преку владината програма за финансирање капитални инвестиции.
Проектот за доградба на училиштето се наоѓа во активна фаза на реализација и претставува значајна инвестиција насочена кон подобрување на условите за настава и одговор на зголемениот број ученици. Во моментов, во училиштето настава посетуваат 705 ученици, што е зголемување од 150 ученици во изминатите три години – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска која денеска, заедно со премиерот Христијан Мискоски и министерката за образование Весна Јаневска извршија увид во градежните работи.
Таа додаде дека паралелно со градежните активности, Општина Кисела Вода инвестира и во одржливи и долгорочни решенија.
Во ова, како и во сите други училишта на територија на општината, поставивме фотоволтаични системи, а за сите училници и за училишната спортска сала обезбедивме пречистувачи на воздух – вели градоначалничката.


