Ученик со камен ја удрил наставничката по глава во Бања Лука

Полицајци во Босна / фото: профимедиа

Малолетен ученик со камен ја удрил наставничката во глава. Веста ја потврдил и  началникот на полициската управа во Бијелина, Стјепан Терзиќ.

Ученикот го посетувал основното училиште „Кнез Иво од Шемберије“ . Инцидентот се случил во ходникот на училиштето по што ученикот побегнал. На наставничката и била укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите.

Малолетникот е упатен од медицинскиот центар во Бјелина на понатамошно лекување во Бања Лука.

„На 25 октомври во 17:21 часот во ОУ Бијелина од наставниот кадар на основното училиште во Бијелина е пријавено дека малолетно машко лице со камен ја удрило наставничката во ходникот на основното училиште во Бијелина и побегнало во непознат правец“, изјави Терзиќ, а пренесува АТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот