Ученици-Албанци од Идризово ќе следат настава на македонски јазик

Ахмет Незири, директор на училиштето „Кочо Рацин“ во Огњанци / 22 септември 2021 / фото: Алсат М/принтскрин

Одреден број ученици-Албанци од шесто до деветто одделение од Идризово, по двонеделен бојкот, ќе следат настава на македонски јазик во во основното училиште „Његош“ во соседното село Јурумлери, објави „Алсат М“.

Според телевизијата, родителите кои сакаат нивните деца да продолжат со настава на албански јазик, мораат да ги носат во основното училиште „Кочо Рацин“ во селото Огњанци, а децата чии родители одбија да ги донесат во ова училиште, ќе треба да го продолжат своето образование на македонски јазик во Јурумлери.

Од ОУ „Кочо Рацин“ велат дека од година во година наставата во ова училиште станува сè потешка поради зголемувањето на бројот на ученици.

„Веќе три години учениците ги носат тука со тврдење дека ќе изградат училиште во село Идризово. Првата година ги прифативме иако се стиснати, имаме многу ученици. Не можеме да ги оставиме на улица, децата не се виновни, тие треба да се образуваат, нивна последна надеж за на албански јазик. Минатата година, петтото одделение имаше 21 ученик, ако дојдат кај нас 10 или 12 ученици, ние стануваме 32 или 33 ученици во тоа шесто одделение, а услови немаме.“, вели Ахмет Незири, директорот на училиштето „Кочо Рацин“ во Огњанци.

На првиот училишен ден протестираа и родителите и учениците од село Идризово, кои бараа образование на албански јазик од шесто до деветто одделение, во основното училиште „Њeгош“ во Јурумлери. Во 2019 година, општина Гази Баба го одби барањето за отворање албански паралелки во ова училиште. Потоа одлучи да изгради ново училиште во Идризово каде што би учеле сите деца од селото. Но, изградбата на новото училиште остана само на хартија, пишува „Алсат М“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот