Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Уценувале брачна двојка од Србија со експлицитни видеа од сопругата – им зеле 97.000 евра

Разбиена е организирана криминална група, која, според досегашните сознанија, изнудила дури 97.000 евра од брачна двојка од Нови Пазар, Србија. од јануари 2025 до февруари 2026 година, објавија српските медиуми.

Мажот Ј.З. (65) и неговата сопруга Ј.С. (61) со месеци биле изложени на систематска уцена и сериозни закани. Според информациите од истрагата, осомничените се заканувале дека ќе објават наводни експлицитни видеа од сопругата, што ги држело жртвите во постојан страв и притисок. Во неколку наврати биле барани пари, со строго дефинирани рокови, а од брачнната двојка се барало да „создаде пари“ без одлагање.

Ситуацијата ескалирала на 19 февруари 2026 година, кога осомничените побарале од оштетените да обезбедат дури 70.000 евра во рок од 48 часа. По истекот на рокот, на 21 февруари навечер, тие дошле во дворот на семејната куќа во Нови Пазар за да ги соберат парите. Во тој момент, мажот и жената успеале да обезбедат само 2.000 евра, со барање да им се даде дополнително време за преостанатите 68.000 евра.

Осомничените се согласиле, не сфаќајќи дека членовите на Одделението за кримоиналистичка полиција цело време ја следат ситуацијата. Во моментот на предавањето на парите, на лице место биле уапсени Б.М. (42) и С.Б. (36), двајцата од Нови Пазар. Уапсен е и К.С. (43), за кого постои сомнение дека е организатор и клучно лице во целата шема на изнуда. Полицијата трага по уште едно лице, З.Б., кое е во бегство.

Против осомничените ќе бидат поднесени кривични пријави поради сомнение дека сториле кривични дела изнуда и заговор за извршување кривични дела, а се очекува да бидат приведени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот