Убиена жена во Ковин, осомничен за убиството е нејзиниот син

Фото: Влада Шпорчиќ/курир.рс

Жената имала видливи повреди на главата, а по обдукцијата ќе се знае точниот начин на убиството.

Дваесет и петгодишниот Д.М ја убил својата мајка во семејната куќа во Ковин (Србија).

Оливера Милојевиќ, заменик јавен обвинител во Смедерево, изјави дека жртвата била пронајдена мртва во семејното домаќинство, каде живеела со нејзиниот син роден 1996 година.

Жената имала видливи повреди на главата, а по обдукцијата ќе се знае точниот начин на убиството.

Д.М. ќе биде задржан во полициска станица следните 48 часа, по што ќе им биде предаден на истражните органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот