Ракометарите на Металург се поразени на гостувањето кај Фиверс со 45:30 во рамки на натпревар во Лигата на Европа.
Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме, австрискиот тим по десет минути имаше предност од 7:2, а разликата потоа се зголеми и на девет гола (13:4). Токму со девет гола негатива (22:13) ракометарите на Металург заминаа на одмор.
Во второто полувреме, Фиверс рутински ги одработи 30. минути и на крајот славеше со 45:30. Најпрецизен во редовите на Металург беше Поповиќ со 11 гола, Шилегов даде пет, а Серафимов четири, додека кај австрискиот тим по шест гола дадоа Брандфелнер, Дамбок, Хутечек, Мартиновиќ.