Убави без ботокс: Жени за сите времиња

спировска дебарлиева ѓоргиева алексиќ
Фото: Принтскрин / Instagram/Youtube

По сè изгледа дека пандемијата со ботокс стивнува, дека ерата на мумифицирани изгледи завршува. По сите сознанија од скоро повеќедецениското искуство, резултатите говорат не баш во полза на магискиот изум пред кој падна на колена најпрво Холивуд, а потоа се подразбира и обичниот свет.

Од безидентитески ликови, преку издеформирани физикуси, па до сознанието дека по одреден период кожата толку се заситува и забрзано ја губи моќта за регенерација, сега вниманието се‘ повеќе се насочува кон природниот след на нештата.

Идеалот за вечната младост добива поинаква димензија и третман. Новиот тренд на природна грижа без ботокс, веќе на големо го промовираа големите холивудски звезди , на црвенот ќилим и надвор од него – Гвинет Палтроу, Моника Белучи, Рејчел Вајс, Хали Бери, Џулија Робертс, списокот е долг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cosmetic Insider (@cosmetic.insider)

Но, за жал, рецидивот наречен „Балканска естетика“ се чини ќе потрае малку подолго. За среќа пак, од друга страна, постојат наши познати женски ликови кои со години нè воодушевуваат со својата префинетост и успешно ѝ одолеваат на епидемијата. Жени кои созреваат како прекрасна роза, а не како препариран цвет. Жени за сите времиња. Како успеваат во тоа? Ова се нивните аргументи:

Надица Георгиева

„Кај мене претпоставувам дека се работи за генетика. Не се плашам од стареењето или „забот на времето“ и сметам дека секој треба да си ги носи годините достоинствено. Се разбира го негувам своето лице и тело, користам квалитетна козметика наменета за мојата возраст, редовно правам вежби за истегнување и многу пешачам. Мојата исхрана се сведува на помали, но почести оброци и најважно пиење многу, многу вода.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadica Gorgieva (@nadica.gorgieva)

„Немам ништо против естетската хирургија и ја оправдувам доколку треба да се коригираат одредени деформитети. Сметам дека жените грешат кога ги полнат образите, ги зголемуваат устите и ги подигаат веѓите сакајќи да изгледаат помладо. Наспроти тоа, како пример погледнете ја Паулина Порискова, топ модел на свои 56 години, без ниедна интервенција а сепак негувана, изгледа фантастично.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadica Gorgieva (@nadica.gorgieva)

 

Ирена Спировска

„Ова лето наполнив 47 години и свесна сум дека на оваа возраст секој од нас веќе почнуваа да старее, но тоа е природен биолошки процес и нема ништо страшно во тоа…“

Фото: Инстаграм

„Свесна сум дека веќе ги има првите брчки на моето лице и дека со текот на годините ќе ги има се повеќе. Борбата за вечна младост која стана опсесија на модерното општество е однапред изгубена борба. Никој не успеал да ѝ побегне на староста и ниту да ја запре. Мислам дека многу поважно е да се одржи физичката кондиција на телото, да се внимава на здравата исхрана, добриот имунитет и можеби најважно од се за да зачува ведриот дух низ годините.“

Instagram
принтскрин инстаграм

„Пеглањето на лицето и брчките, користењето ботокс, силикон и сите актуелни хируршко козметички интервенции се само залажување на самите себе и на околината дека успеваме да изгледаме младо и свежо дури во зрелите години. Постојат голем број природни третмани и природни козметички препарати кои благотворно делуваат на кожата и ни овозможуваат да се негуваме и мојот избор е токму тоа. Жално е што сè повеќе млади девојки и жени се подвргнуваат на различни интервенции за да „изгледаат поубаво“ а многу често го добиваат спротивниот ефект, ја наградуваат својата природна убавина и нежност

Секоја жена е посебна и секој е убав на свој начин!“

Instagram

 

Татјана Алексиќ

„Никој не може да ѝ се противстави на гравитацијата, нѐ влече надолу,  нема ,„пркосење“ со природата, победата секогаш е нејзина. Биолошкиот часовник си го одработува своето, додека се трудиме да го задржиме младешкиот изглед.“

„Баш таков е и одговорот на прашањето, се трудам да изгледам така како што изгледам, не ретко со помош на козметички третмани и козметика, во пакет со начинот на живеење и генетиката… И секако, стариот добар совет од бабите, овошка во уста, овошка на лице и никогаш со шминка на перница…“

Билјана Дебарлиева

„Ни самата не знам како, ама веројатно и генот си има свој удел. Не правам ништо посебно освен редовните козметички третмани за хидрирање на кожата. Можеби има вистина и во она – каква ти е душата така зрачиш и надворешно.

Ништо не може да ја тргне насмевката од моето лице и да повлијае на мојата позитивна мисла. За одредени корекции на лицето можеби и сум размислувала, ама немам ништо направено токму од причина да не ми се видоизмени ликот. Задоволна сум како изгледам сега, ваква каква што сум  а за понатаму оставам да каже времето.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот