Уапсени двајца осомничени за кражба во домот на Бред Пит: Мета биле и други холивудски ѕвезди!
Двајца осумнаесетгодишници се уапсени поради серија кражби во луксузни домови низ Јужна Калифорнија, меѓу кои и упадот во куќата на холивудската ѕвезда Бред Пит во Лос Анџелес, пишува Ен-би-си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Џакори Арман Вотсон и Дамари Заир Чарлс се приведени и задржани во притвор во округот Оринџ. Тие веќе се обвинети за тешка кражба во друг случај, а можат да се соочат и со зголемена казна бидејќи делото го извршиле заедно.
Обвиненијата за кражбата во домот на Пит се очекува да бидат поднесени во текот на неделава. Засега не е познато дали двајцата имаат ангажиран правен застапник.
Инцидентот се случил на 26 јуни, кога актерот бил на промотивна турнеја за својот нов филм „Формула 1“ (F1). Провалниците прескокнале ограда, скршиле прозорец и ја поминале целата куќа, а однеле засега непознати предмети.
Снимките од безбедносните камери одиграле клучна улога во идентификувањето на осомничените.
Во изминативе две години, Јужна Калифорнија е погодена од бран кражби во домовите на познати личности и спортисти, меѓу кои Никол Кидман и Кит Урбан, Том Хенкс и Рита Вилсон, Џенифер Анистон и други.
Крадци упаднале во домот на Бред Пит: Се искачиле преку оградата и го скршиле прозорецот


