Уапсени двајца млади Косовци кои влегле во касарната „Илинден“

Фото: илустрација / МВР

Двајца млади косовски државјани вчера се уапсени во кругот на касарната „Илинден“, поради сомнение дека неовластено влегле во воен објект, соопшти МВР.

„На 05.10.2022 во 17.30 часот на бул.„Никола Карев” во Скопје, во кругот на касарната „Илинден”, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода J.K.(29) и Ш.E.(25), двајцата од Косово. Тие биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка“, се вели во кусото полициско соопштение во кое не се откриваат повеќе детали.

Во зависност од тоа дали ќе биде утврдено дека Косовците само влегле во касарната или дека влегле и се обиделе да снимаат или фотографираат, ним им се заканува од парична казна, до три години затвор. Кривичното дело за кое се осомничени е Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства:
(1) Тој што заради извидување неовластено ќе влезе во воен објект иако знаел дека пристапот е забранет, ќе се казни со парична казна или со
затвор до една година.
(2) Тој што неовластено прави скици или цртежи на воени објекти или на борбени средства или ги фотографира, односно на друг начин ги снима,
ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот