Уапсен жител на Злетово, со пушка го ранил пријателот во лов

Ловџии/илустрација /Фото: МИА

Ловџија од Злетово бил уапсен вчера, откако во близина на пробиштипското село Лесново, со пушка го ранил пријателот со кој бил во лов, соопшти полицијата.

„На 08.12.2022, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Г.И.(37) од с.Злетово, пробиштипско, затоа што околу 13.30 часот во атар на с.Лесново, пробиштипско, на место викано Голак, додека биле на лов со Ј.К.(56) од с.Злетово, го повредил со ловечка пушка“, се вели во полицискиот билтен.

Пушката била одземена за понатамошна постапка, а повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот