Уапсен познат британски рапер: Удрил 20-годишник со автомобил, па избегал од местото на несреќата
Британскиот рапер Гетс, чие вистинско име е Џастин Кларк-Самуел, се соочува со обвинение за предизвикување тешки телесни повреди со опасно возење откако 20-годишникот почина во сообраќајна несреќа, пишува Би-би-си.
Препорачано
Инцидентот се случил во сабота, 18 октомври, во Илфорд, североисточен Лондон, кога Гетс удрил млад човек, а потоа не застанал. Жртвата починала во болница истиот ден кога раперот се појавил на суд, во понеделник.
Се очекува обвиненијата да бидат променети од предизвикување сериозни повреди во предизвикување смрт со опасно возење на идно рочиште. Гетс треба да се појави на суд на 27 октомври, дотогаш останува во затвор. Полицијата ги повика сведоците да се јават и да дадат информации за несреќата.
Гетс е еден од најпознатите рапери на британската музичка сцена. Минатата година настапуваше на Гластонбери, а во својата кариера соработувал со Ед Ширан, Стормзи и Скепта.
Покрај музичката кариера, тој се обидел и во глумата, а имал улога во серијата „Супасел“. Минатата година тој ја доби и наградата „Мобо Пионер“ за неговиот придонес во британската црна култура.


