Уапсен маж во Пакистан одговорен за убиството на две тинејџерки заради „заштита на честа“

Фото: Sceenshot/ YouTube

Секоја година околу 1.000 жени во Пакистан се убиени во таканаречени „убиства од чест“ поради тоа што ги „посрамиле“ семејствата, наведуваат здруженијата за човекови права.

Полицијата во северозападниот дел на Пакистан уапси маж кој е осомничен за убиство на две тинејџерки „за заштита на честа“ откако на социјалните мрежи се појави нивно видео во друштво на момче како ги бакнува.

Осомничениот Мохамад Аслам е, роднина на младите девојки на возраст од 16 и 18 години, кои минатата недела се убиени во регионот Северен Вазиристан, на границата со Авганистан, изјави полицискиот службеник Мохамед Ибрахим.

Најмалку четворица мажи, меѓу кои е и таткото на едната и братот на другата девојка, веќе се во полициски притвор и признаа дека се вмешани во убиството на девојките, наведе полицијата.

Се верува дека причина за убиството е кратко видео објавено на социјалните мрежи на кое момчето на отворено ги бакнува трите девојки. Регионот во кој се случи убиството инаку е прибежиште на Ал Каеда и талибанците.

Третата девојка од видеото е жива и спасена, наведоа до полицијата.

Секоја година околу 1.000 жени во Пакистан се убиени во таканаречени „убиства заради чест“ поради тоа што ги „посрамиле“ семејствата, наведуваат здруженијата за човекови права.

Претходно оваа недела владини официјални лица и активисти објавија дека дошло до значајно зголемување на бројот на „убиства од чест“, а причина за тоа се семејните несогласувања кои избивале во услови на карантин поради коронавирусот.

Пакистан многу лошо стои на скалата на светскиот индекс на родова рамноправност. во 2019 година Пакистан беше на 164. место од вкупно 167 места според индексот на „Жена, мир и безбедност“, а зад него беа само Сирија, Авганистан и Јемен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот