„Уан Дајрекшн“ нема повторно да се обединат во чест на Лијам Пејн на Британските музички награди
Неодамна се зборуваше за можно обединување на „Уан Дајрекшн“ за овогодинешните Британски награди (BRIT Awards). Вечерта ќе му се оддаде посебна чест нивниот покоен поранешен пејач Лијам Пејн, но се чини дека момците решија повеќе да не се качуваат на сцената.
Препорачано
Извор за „Сан“ (The Sun) изјави дека Зејн Малик, Ниал Хоран, Хари Стајлс и Луис Томлинсон се против идејата. Исто така, станува сè поневеројатно дека некој од нив ќе присуствува на церемонијата. Четворката чувствува дека повторното обединување може да го одвлече вниманието од сеќавањето на Лијам.
Лијам зад себе го остави седумгодишниот син Беар, кој го доби со поранешната судијка на Икс Фактор, Шерил Кол. Иако претходните извештаи сугерираа дека веќе постои план „Уан Дајрекшн“ да настапат на наградите, се чини дека тоа нема да се случи.
Бендот има освоено седум Британски награди во текот на годините, од нивното основање во шоуто за таленти во 2010 година. Трагичната смрт на Лијам доведе до контакт меѓу другите членови на бендот за прв пат од 2015 година, кога Зејн го напушти бендот. Момците наводно немаат планови за идни проекти како „Уан Дајрекшн“.
За потсетување, Лијам трагично загина на 16 октомври 2024 година, на 31-годишна возраст, при пад од третиот кат на хотелот „CasaSur Palermo“ во Буенос Аирес. Обдукцијата потврдила дека Лијам починал на местото на настанот од повеќе повреди кои довеле до внатрешно и надворешно крварење.


