У21 репрезентативецот Младеновски пред трансфер во Бугарија!?

Марио Младеновски од бугарскиот Ботев Пловдив повторно ќе игра на македонско тло/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Беше дел од Вардар, а потоа го направи и првиот трансфер во странство, односно досега ги бранеше боите на данскиот клуб Фремад Амагер.

У21 македонскиот репрезентативец Марио Младеновски како што дознава бугарскиот медиум „ТОПСПОРТ“, ќе биде новиот играч на Ботев Пловдив.

Нашиот 20-годишен играч настапува во централниот ден на одбраната. Имаше вкупно пет настапи за Фремад Амагер во втората данска лига.

Нема никаква официјална потврда од клубот кој игра во најсилната бугарска фудбалска лига и е моментно на 12 место.

За Ботев Пловдив веќе настапува еден македонски интернационалец, станува збор за дефанзивецот Мите Цикарски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот