У21, Марко Алчевски: Нема да биде лесно против Шведска, сè ќе зависи од нас

фото: ffm.mk

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година предводена од селекторот Драги Канатларовски денеска во Скопје ќе го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Јенчепинг. На 8 септември ќе го играме првиот натпревар против домаќинот, Шведска, во рамките од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Четири дена подоцна во Скопје силите ќе ги одмериме против фаворитот во групата, селекцијата на Холандија. Голманот на нашата У21 репрезентација, Марко Алчевски ги сподели своите очекувања пред стартот на квалификациите.

– Треба сите максимално да ја оправдаме довербата која ни беше дадена од селекторот и неговиот стручен тим. Мислам дека треба, а и редно време е повторно да ја израдуваме нашата нација со добри игри, позитивни резултати и пласман на уште едно големо натпреварување – вели Алчевски.

Марио Илиевски – Македонија У21: Оваа генерација има желба и квалитет за успех

Првиот меч од евроквалификацискиот циклус Македонија ќе го има в петок од 18.00 часот против Шведска во Јенчепинг.

– Свесни сме сите дека нема воопшто да биде лесно против Шведска, но искрено верувам дека сè ќе зависи од самите нас, нашиот пристап кон натпреварот. Доколку истрчаме на терен со ладни глави, ако функционираме како еден тим, се бориме за секоја топка на теренот и ги слушаме инструкциите на стручниот тим, сигурен сум дека можеме да се вратиме во Скопје со сите три освоени бода – се зборовите на Алчевски.

Нашата млада селекција се наоѓа во групата „Ц“, заедно со Шведска, Холандија, Молдавија, Грузија и Гибралтар. Првопласираните и три најдобро второпласирани репрезентации од секоја група ќе одат директно на ЕП 2025, а останатите шест второпласирани ќе играат бараж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот