У19: Шабани повика 21 фудбалер за квалификацискиот турнир за ЕП

Македонска фудбалска репрезентација до 19 години/фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 17 до 24 ноември, во Скопје ќе биде домаќин на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.

Македонија е во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино. Квалификациските мечеви во рамките на групата „10“ ќе бидат одиграни во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски” и на стадионот на Македонија Ѓ.П.

Распоред на натпревари

17 ноември, Тренинг центар „Петар Милошевски“
Македонија – Србија (13.00 часот)

20 ноември, Тренинг центар „Петар Милошевски“
Македонија – Норвешка

23 ноември, Тренинг центар „Петар Милошевски“
Македонија – Сан Марино

Селекторот на У19 надежите, Неџат Шабани за турнирот ги повика следните фудбалери:

Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Наум Ангелов (Слога Виница), Петар Јакимов (Работнички).

Одбрана: Енис Буќи (Кожуф Гевгелија), Никола Павлески (Слога Виница), Стефан Младеновски (Бабелсбергер, Германија), Ардијан Османи (Грасхопер, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Суфијан Чајани (Шкупи).

Среден ред: Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички), Игор Јаневски (Силекс), Матео Софијаноски (Воска), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Арбнор Мурати (Дуизбург, Германија), Шабан Зенку (Борусија Минхенгладбах, Германија), Леон Ташов (Бохум, Германија).

Напад: Михаил Талевски (Осијек, Хрватска), Димитар Трајков (Академија Пандев), Дашмир Елези (Шкендија), Зани Назифи (Шкендија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот