У19: По дебаклот во првиот меч, надежите на Македонија и сè реваншираа на Грузија
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години успеа да забележи минимална победа над Грузија, во рамките на вториот пријателски натпревар на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Препорачано
Во првите 45 минути двете репрезентации одиграа тврд натпревар, со голема претпазливост и тактичка борба на средината на теренот. Во продолжението, избраниците на селекторот Тони Јакимовски го засилија темпото, наметнаа своја иницијатива и беа многу порешителни во нападот за разлика од нашиот противник.
Одлична можност во 55 минута од натпреварот имаше Назифи, но неговиот удар фантастично беше одбранет од страна на гостинскиот голман.
Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 66 минута од мечот. Стрелец на водечкиот и единствениот гол на средбата беше Данев, кој на одличен начин го искористи доброто додавање на Назифи.
Во 67 минута гостите добија пенал, но Јакимов беше на висина на задачата, успевајќи да го скроти ударот од 11 метри. На првиот контролен меч помеѓу овие две селекции триумфираа грузиските надежи со убедливи 6:2.


