У19: Нова убедлива победа на македонските млади фудбалерки во квалификациите за пласман на ЕП

фото: ФФМ

Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години забележа нова убедлива победа во второто коло (Лига Б) на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство што се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” денеска беше надиграна селекцијата на Гибралтар и беше издвојувана нова убедлива победа со 3:0.

Македонија У19: Кабакчи, Блажевска, Головска, Мојсоска, Далипи, Ристовска, Стаблева, Села, Велиу, Сулејмани, Панеска.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко сосема заслужено ја остварија втората победа од два одиграни натпревари на овој квалификациски турнир. Претходно на стартот славеа против Грузија со 4:0.

Панеска рано во 11 минута го отвори резултатот на денешната средба. Села во 22 минута го зголеми водство на Македонија и ја навести новата победа. Во продолжението од мечот, поточно во 48 минута, Панеска погоди уште еднаш, за убедливи и конечни 3:0.

Селекторот Мерко на денешниот натпревар против Гибралтар по 100 пат ја водеше женската репрезентација на Македонија до 19 години. На 10 април, во последното коло Македонија силите ќе ги одмери со Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот