У19: Македонските фудбалерки со победа го започнаа квалификацискиот турнир за ЕП

фото: ФФМ

Женската млада репрезентација на Македонија до 19 години триумфираше во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Тбилиси (Б лига) за пласман на Европското првенство во 2023 година.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко денеска славеа на домаќинот Грузија со конечен резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол за нашата селекција беше Симона Ребека Маијер во 64 минута од средбата.

Статистички нашите фудбалерки имаа повеќе обиди за реализација, вкупно 13, четири беа во рамките на противничкиот гол, а ривалот од пет обиди ниту еднаш во рамките на голот на Кабачки.

За Македонија У19 (жени) играа: Кабачки, Блажевска, Мојсоска, Головска, Е. Сулејмани, Маијер, Стеблева (Ефтинџиоска 71`), Л. Сулејмани, Велкова, Села (Панеска 90`), Исејни (Велиу 81`).

Во нашата квалификациска група „6“ е и репрезентацијата на Белорусија против која Македонија ќе ги одмери силите на 7 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот