У19: Македонските фудбалерки ја декласираа и Ерменија во „Лигата Б“

фото: ФФМ

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години денеска оствари убедлива победа од 6:0 против Ерменија на квалификацискиот турнир „Лига Б“ (рунда 1) за пласман во квалификации Лига А за Елитна рунда за ЕП.

Веса Села и Билјана Паноска се радуваа на хет-трик против домаќинот Ерменија. Македонската репрезентација на полувреме водеше со 2:0, четири гола дадовме во продолжението.

Против Украина во третиот круг од турнирот на 30 октомври, селекцијата предводена од Астрит Мерко ќе игра за првото место во групата. Нашата репрезентација во првото коло славеше со 4:0 против Луксембург.

Македонија до 19 години: Кристина Павловска, Матеа Блажевска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓоргиева, Ива Јосифова, Симона Мајер, Веса Села, Билјана Паневски, Јована Павловска, Ива Јовановска, Сара Мена.

На табелата по две одиграни кола водат Украина и Македонија со по шест бодови, а ниту еден Луксембург и Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот