Фото: ffm.mk

У19: Изов повика 20 фудбалерки за елитните квалификации за пласман на ЕП

Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои ќе настапат на турнирот од елитните квалификации за пласман на Европското првенство.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 10 до 16 април во Шкотска, а покрај домаќинот настапуваат и селекциите на Норвешка и Австрија.

Собирот на репрезентативките ќе биде утре, а попладне е предвиден еден тренинг пред заминувањето за Шкотска.

На стартот на 10 овој месец се среќаваме со Норвешка (13.00 часот). Два дена подоцна во истиот термин ќе играме против Шкотска, додека во последното коло на 16 април противник ни е Австрија.

СПИСОК НА ФУДБАЛЕРКИ:

Ведрана Комненова (ЖФК Љуботен) Голманка
Александра Ристевска (ЖФК Топ Гол) Одбрана
Ангела Димчова (ЖФК Тиверија Брера) Одбрана
Кристина Крстева (ЖФК Скопје) Одбрана
Михаела Додевска (ЖФК Скопје) Одбрана
Ања Головска (ЖФК Скопје) Одбрана

Настасја Накова (ЖФК Љуботен) Напад
Андреа Коловска (ЖФК Истатов) Среден ред
Емили Митковска (ЖФК Скопје) Напад
Канита Емини (ЖФК Истатов) Одбрана
Калина Попески ЖФК Црвена звезда Напад
Илина Кировска (ЖФК Истатов) Голманка
Тамара Нешковска (ЖФК Конзули) Среден ред
Вања Ристиќ (ЖФК Речица) Среден ред
Искра Смилевска (ЖФК Истатов) Одбрана
Никица Трендова (ЖФК Тиверија Брера) Среден ред
Елена Симјонова (ЖФК Љуботен) Среден ред
Теодора Настова (ЖФК Речица) Среден ред
Ана Боризоска (ЖФК Скопје) Напад
Ангела Блажева ЖФК Истатов Голманка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот