Доналд Туск, полски премиер / Фото: EPA-EFE/PAWEL SUPERNAK POLAND OUT

Туск: Мир во Украина можен во наредните недели

Мир во Украина би можел да се постигне во рок од неколку недели, изјави во вторник полскиот премиер Доналд Туск по разговорите со европските лидери, Канада и НАТО. Неговите коментари доаѓаат во време кога Москва најавува заострување на својата преговарачка позиција.

Кремљ изјави дека ќе заземе поцврст став во разговорите, обвинувајќи го Киев за напад врз руската претседателска резиденција, обвинение кое Украина го отфрли како неосновано и насочено кон продолжување на конфликтот.

„Мирот е на повидок, нема сомнение дека се случиле работи што даваат причина за надеж дека оваа војна може да заврши, и доста брзо, но сепак е само надеж, далеку од 100 проценти сигурна“, изјави Туск на состанокот на кабинетот.

Тој прецизираше дека под „мир на повидок“ мисли на наредните недели, а не на месеци или години, додавајќи дека меѓународната заедница ќе мора да се собере до јануари за да донесе одлуки за иднината на Украина и поширокиот регион.

Туск рече дека безбедносните гаранции што му ги понудија на Киев САД се една од причините за оптимизам, но нагласи дека Украина ќе мора да се согласи на одредени компромиси по прашањето за територијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата дека двете страни „се приближуваат, можеби многу блиску“ до постигнување договор за завршување на војната, иако рече дека остануваат „чувствителни прашања“.

Зеленски рече дека контролата врз нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, и судбината на источниот украински регион Донбас беа меѓу клучните отворени прашања во разговорите.

Русија бара Украина да ги повлече своите трупи од делови од регионот Донецк што Москва не успеа да ги освои во речиси четиригодишната војна што беснее откако Русија изврши инвазија во февруари 2022 година. Од друга страна, Киев инсистира на прекин на борбите по сегашните фронтовски линии, додека Вашингтон предложи воспоставување слободна економска зона ако Украина ги повлече своите сили, според Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот