Казнети турски телевизии кои ја критикуваа власта за справувањето со последиците од земјотресот

ФОТО: МИА

Турскиот Висок совет за аудиовизуелна комуникација казни три телевизиски мрежи кои ја критикуваа владата за управување со последиците од земјотресот, што на 6 февруари го погоди јужниот дел на земјата.

„На телевизиите „Халк ТВ“, „Теле 1“ и „Фокс“ им се изречени и парични казни и привремена забрана за емитување поради „информации и коментари за земјотресот“, напиша на Твитер Илхан Ташчи, член на РТУК од редовите на опозицијата, пренесе Хина.

„Халк ТВ“ и „Теле 1“ се казнети со пет отсто од прометот во јануари и пет дена забрана за емитување на дневната програма.

„Фокс ТВ“ доби казна од три отсто од прометот во јануари.

Трите мрежи се познати по тоа што ја критикуваат владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, а „ТВ Халк“ е особено блиска до главната опозициска Народно-републиканска партија (ЦХП).

Опозицијата и независните медиуми ја критикуваат Владата за отсуство и слабата реакција во првите денови по земјотресот што беше со јачина од 7,8 степени според Рихтер.

Ердоган минатата недела призна дека има „неуспеси“ во организирањето на помошта, оправдувајќи се со силината на земјотресот.

„Нивната неспособност ги чинеше животите на десетици илјади наши сонародници“, рече претседателот на ЦХП Кемал Киличдароглу.

Турција, која во октомври минатата година усвои закон со кој објавувањето „лажни вести“ се казнува до три години затвор, во 2022 година беше рангирана на 149-то место во однос на слободата на медиумите од 180 земји, соопштија „Репортери без граници“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот