Турската полиција уапси 161 член на групата Исламска држава
Турската полиција уапси 161 осомничен член на групата Исламска држава (ИД) во текот на изминатата недела, изјави денес министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Осомничените биле активни во рамките на групата и обезбедувале финансиска поддршка. Запленети се пиштоли без дозвола, ловни пушки без дозвола, бројни организациски документи и дигитален материјал“, рече Јерликаја во објава на социјалната мрежа X.
Како што изјави, како резултат на работата на одделот за антитерористичка борба на покраинските полициски администрации, беа спроведени операции во 36 градови, вклучувајќи ги Анкара и Истанбул.
„Им честитам на нашите главни јавни обвинители, на Турската национална полиција, на Управата за разузнавање, на Националната разузнавачка организација, началниците на покраинските полиции и на полицијата. Ние ги продолжуваме нашите операции без прекин за мирот и безбедноста на нашата нација“, рече Јерликаја.
Групата Исламска држава изврши бројни напади во Турција во текот на изминатата деценија, вклучувајќи го и бомбашкиот напад во Анкара во 2015 година во кој загинаа повеќе од 100 лица, како и нападот врз аеродромот во Истанбул една година подоцна во кој загинаа 45 лица.


