Туризмот на глобално ниво ќе опадне за 70 отсто, но тоа не е се: Во иднина потполно го менува својот модел
Ова лето луѓето ќе патуваат по копнени рути, а планинскиот туризам ќе биде попопуларен од плажите.
Прогнозите на експертите не им одат во полза на авио – компаниите, тие велат дека луѓето се повеќе ќе го избегнуваат воздушниот сообраќај.
Препорачано
– Се очекува глобалниот туризам ќе опадне за 70 отсто оваа година во однос на претходната, вели шефот на Светската туристичка организација при Обединетите нации.
– Претходните глобални кризи ситуацијата ја доведоа до пад на туризмот за 10 до 20 отсто, но пандемијата од Ковид – 19 е полоша, истакнува Зураб Пололикашвили.
Ова лето луѓето ќе патуваат по копнени рути, а планинскиот туризам ќе биде попопуларен од плажите, додава тој.
„СТО“ очекува дека поголем број од меѓународните летови ќе бидат воспоставени во септември, доколку вирусот до тогаш биде под поголема контрола.
Пололикашвили додава дека Европа ќе биде пример за модел кој треба да се следи, бидејќи таму се најпосетените региони и е најдобро подготвена поради својата здравствена инфраструктура.
Според неговите зборови, таканаречените „зелени коридори“ кои би овозможиле целно патување меѓу два региони, во различни земји, кои покажаа ниско ниво на зараза, би можело да бидат првиот чекор кон повторно рестартирање на меѓународниот туризам.


