Турците се досетиле како да го надоместат недостатокот на средства за дезинфекција: Сите купуваат колонска вода!

Profimedia

Во Турција, прскањето на рацете со колонска вода е традиционален ритуал кој се вршел при влегување во куќите, хотлите, болниците, по завршување на оброкот во ресторан или при собири за верски служби, пренесува BBC.

Колонската вода претставува симбол за гостопримливост и служи како помош во одржување на хигиената. Меѓутоа, денес во екот на пандемијата на коронавирусот, ова средство доживува огромна побарувачка бидејќи служи како оружје во борбата против коронавирусот.

Со оглед на тоа што средствата за дезинфекција на рацете што се користат на Западот не се премногу раширени во Турција, населението се свртело кон добро познатите методи за превенција од заразата од опасниот вирус.

Многу Турци сметаат дека колонската вода со висок процент на алкохол е ефикасна во одржување на чисти раце и така го спречува ризикот од зараза со Ковид 19.

Па така, на почетокот на март, пред Турција да го објави својот прв потврден случај, можеа да се видат долги редови пред продавниците за брендирана колонска вода кои се наоѓаат на истанбулските пазари.

На улиците можат да се видат луѓе кои ги испираат рацете со колонска вода, а своите муштерии ги „честат“ и фризерите, трговците, таксистите.

Традиционално овој мирис се прави од цвет на смоква, јасмин, роза или состојки на цитрусите кои содржат висок процент на алкохол.

Но за разлика од другите природни мириси, оваа висока концентрација на алкохол на база на етанол може да убие повеќе од 80 проценти од микробите и делува како ефикасно дезинфекциско средство за раце.

„Побарувачката за колонска вода со мирис на цитрус, а посебно на лимон, порасна за петпати“, потврдил Енгин Тунџер, сопственик на компанијата „Eyup Sabri Tuncer“, која е најголем производител на колонска вода во Турција, пишуваат странските медиуми.

profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот