Тудор за комичната сцена: Синот ми кажа дека цела Хрватска ми се смее
Деновиве во центарот на вниманието, особено на социјалните мрежи, се најде тренерот на Тотенхем, Игор Тудор. Вирално се прошири снимката од натпреварот против Ливерпул, проследена со коментари дека Тудор наводно помешал член на својот стручен штаб со тренерот на противничкиот тим, Арне Слот.
Препорачано
Лицето со кое Тудор се поздрави не беше Слот, туку Алан Диксон, долгогодишен член на стручниот штаб на Тотенхем. Токму за оваа ситуација зборуваше и самиот стратег.
„Мојот син има 20 години и ми кажа дека во Хрватска сите ми се смеат поради грешката што ја направил. Го прашав што точно сум згрешил, па ми објасни. Потоа го прашав дали знае кој е човекот од снимката. Кога ми рече дека не знае, му објаснив дека тоа е човек со кој секојдневно работам“, изјави Тудор.
View this post on Instagram
Тој дополнително појасни дека ситуацијата не била никаква забуна, туку обичен момент од секојдневната комуникација.
„Го поздравив додека стоеше покрај нашата клупа на ‘Енфилд’. Ако внимателно се погледне снимката, ќе се види дека го допирам од едната страна, а доаѓам од другата, па кога се сврте, само се насмеав“, додаде Тудор.
Хрватскиот тренер со доза на хумор посочи дека целата приказна е пренапумпана.
„Разбирам дека во Хрватска не знаат кој е Алан Диксон, но дека овде во Англија не знаат дека тоа е човек со кој поминувам секој ден тоа е навистина смешно. Сега дури и намерно се шегуваме пред натпреварите, па веќе не го викам Алан, туку Арне“, рече тој.


